Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ги „регулираше“ гужвите во Град Скопје

Шилегов ги „регулираше“ гужвите во Град Скопје

Денес претпладне градоначалникот Петре Шилегов ги менаџираше гужвите што се создадоа во барака 16 во Град Скопје и навалицата на странки кои дојдоа да се пријават за субвенции за инвертер-клима по објавениот повик.

Шилегов на шалтерските служби им рече да работат само со лицата кои се дојдени да поднесат барање за оваа субвенција, бидејќи чекаа стотици на ред 

- Чекам уште од пред отворањето на бараката за да бидам меѓу првите. Знаев дека субвенциите се ограничени, а јас сакам да си вратам половина од парите кои ги платив за климатизерот. Не го чекав да биде објавен повикот, бидејќи од претходно ми беше најавено дека на 1 март ќе биде огласот. Единствено како забелешка имам тоа што мораше да се плати по 50 денари за поднесеното барање и тоа што за парите ќе чекаме по претседателските избори, бидејќи до тогаш законски не смее да има исплати на сметка - ни рече еден од барателите во бараката 16.

Субвенцијата предизвика огромен интерес кај граѓаните кои ги загреваат своите домови со печки кои користат огревно дрво, нафта и други скапи и нееколошки енергенси за да ги заменат со далеку поевтините и поеколошките инвертер клима уреди или други современи системи за затоплување, но истата е ограничена засега на само 1.300 домаќинства, односно вкупно 20 милиони денари.

Уредите трошат околу 30% помалку електрична енергија од обичните клима уреди, а повеќе од 50% ги намалуваат трошоците во однос на греењето со огревно дрво. 


Слично

Поврзани вести