Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Цевки за гасовод поставени на „Партизанска“

Шилегов: Цевки за гасовод поставени на „Партизанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во интервју за „Независен“ вели дека цевки за гасоводот кој треба да стигне до корисниците на мало се поставувале низ булеварот Партизански одреди додека траела реконструкцијата на истиот. Според Шилегов, гасоводот од Коридор 8 веге преку Водно навлегува во градот и дека нема да има значителни прекопи на улици.

„Моја цел лани беше да се затвори таканаречениот гасоводен прстен околу нашиот град и тоа го завршуваме. Сега сме до фаза на терестријална гасификација, односно гасот да стигне до потрошувачите на мало. Тоа нема да бара прекоп на улици, туку можеби само на некои мали улички, а тоа не се однесува на главните градски улици. Така, пред да почнеме со реконструкцијата на „Партизанска“ ја затворивме два дена и ги поставивме цевките за гасовод“, рече Шилегов.

Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар треба да се завршу до крајот на годината. Интензивно се работите на делницата Скопје-Тетово истовремено на повеќе точки. Трасата која поминува преку Водно е речиси пробиена, а истовремено се работи и на делот Хиподром -Трубарево каде што треба да се поврзе овој дел од гасоводот со веќе изградениот гасовод на компанијата ГА-МА. Делот од гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар е во должина од 78 километри плус поврзувањето кон Тетово во износ од 10 километри. 


Слично

Поврзани вести