Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов бара Груевски да каже како се збогатил со 118.629 евра за една година

Шилегов бара Груевски да каже како се збогатил со 118.629 евра за една година

Портпарол на СДСМ, Петре Шилегов вели дека Никола Груевски признал дека му успеало тоа што не му успева веројатно на ниту еден граѓанин во Македонија да штеди по 10.000 евра месечно, со плата од 1.400 евра месечно!

Обвинувања дека поранешниот премиер на неговите денарски и девизни сметки за само една година успеал да стави 118.629 евра.

„Никола Груевски по оваа информација од неговите анкетни листови од 2014 и 2015 година, што ги сокри Антикорупциската комисија, единствено што имаше да каже е оправдувањето дека заработувал само плата, а листовите не знае како исчезнале од страницата на комисијата. Никола Груевски излажа. Платата на Груевски му била 88.139 денари, или околу 1.400 евра“, тврди Шилегов.

Да ја штедел Груевски целата своја плата, сите 1.400 евра да ги ставал во банка, за една година ќе заштедел не цели 17.000 евра. А не 118.629 евра, додаде тој.

Шилегов со документи образложува дека самиот Груевски пријавувал уплати на девизни и денарски сметки од 300.000 до 3.000.000 денари и за нив во графата основ на стекнување или не дал податок, или рекол дека ги стекнал “на друг начин“.

Од опозицијата бараат Груевски да им го открие т успешниот “начин“ на заштеди од 118.629 евра за само една година на граѓаните

Шилегов прашува дали Груевски незаконски се богати?

Дали оф шор релациите со рајските земји го збогатиле Никола Груевски 118.629 евра за една година, само според достапни официјални податоци.

„Антикорупциската комисија којашто “случајно“  ги сокри анкетните листови за имотната состојба на Груевски за 2014 и 2015 година не може да го спаси Груевски.

Не може да го спаси ни нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов, за него и за неговите соработници“, посочува Шилегов.

Слично

Поврзани вести