„ШЕСТИ СМЕ ВО ЕВРОПА СО РАСТ НА ПЛАТИ“: Мицкоски вели дека опозицијата шири лаги
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека опозицијата прави конструкции кога зборува за растот на платите во Македонија. Смета дека „Евростат“ ја демантира опозицијата, која вели дека не растат платите во Македонија.
„Македонија е шеста во Европа во конкуренција на земјите од ЕУ и кандидатите за членство. Јули месец годинава, споредено со јули минатата година. Се темелат на лаги, конструкции, подметнувања, тоа е тоа. И оној дел од опозицијата уште живее во 90-те години на минатиот век. Тоа е она кое го нуди опозицијата“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека тоа е тоа што го нуди опозицијата, додека за неговата партија, вели дека нуди проекти и визија за развивање на Македонија.
Слично
