Шести ден нема трага од малата Рина од Шипковица
Веќе една недела како спасувачите со кучешки трагачи, без резутат ја бараат шестгодишната Рита од Шипковица која исчезна во невремето што го зафати тетовскиот регион.
Нејзината соба конечно беше расчистена од големите наноси од камења и кал, но тело на девојчето не беше пронајдено.
Се претпоставува дека водената стихија ја повлекла Рина од нејзината соба, па затое екипите пребаруваат по дворот и покрај течението на потокот на реката Пена.
Екипите продолжуваат да трагаат по девојчето, иако нивната работа ја отежнуваат огромните наноси од камења и песок, што на некои места се високи по три-четири метри.
Невремето во тетовскиот регион го одзеде животот и на две деца и еден возрасен човек.
Слично
