Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕСТ ВОЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕМИНАЛЕ ВО БУГАРИЈА: стручен тим ќе одлучува за нивната иднина

ШЕСТ ВОЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕМИНАЛЕ ВО БУГАРИЈА: стручен тим ќе одлучува за нивната иднина

Шест волови од Македонија ја преминале границата со Бугарија во близина на селото Ѓуешево и предизвикале проблем кај тамошните власти. 

Како што јавуваат медиумите од соседството, воловите биле фатени во близина на  ќустендилското село Ѓуешево.

Во меѓувреме бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонијапред неколку дена, објави Бугарскиот портал Бгнес. 

Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби да одлучи што да се прави во случајот.

Засега нема потврда за инцидентот од македонските власти. Не се знае дали овие шест волови се дел од оние говеда што шетаат слободно низ Крива Паланка предизвикувајќи голема тензија меѓу населението и сопственици, а службите се уште не успеаа да се справат со проблемот.

Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство. Што да се прави со нив ќе реши Регионалната комисија за контрола на храната, заедно со пограничните и општинските власти.

Бугарските медиуми потсетуваат дека пред неколку години една крава од Бугарија влегла во Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци. Според европските прописи, по влегувањето во земја надвор од ЕУ, кравата морала да биде убиена, од превентивни здравстввени прични, но по инсистирање на селаните и јавноста кравата била поштедена.

Со оглед на строгите европски прописи, неизвесно е дали говедата од Македонија ќе бидат вратени назад од бугарска страна.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести