Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест од десет работни места не се пополнети - Германците немаат работници

Шест од десет работни места не се пополнети - Германците немаат работници

Институтот за германска економија денеска објави дека Германија има потреба од квалификувана работна сила.

Само во секторите за здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостиг на соодветна работна сила. 

Федералната влада објави дека во последните години расте бројот на пензионери, односно лица кои наполниле 67 години, а се активни на пазарот на трудот.

„Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавачите не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000“, се вели во соопштението на Германскиот економски институт, кој се повикува на свое истражување.

Овој проблем трае со години. Германија увезува работна сила од многу земји, меѓу кои се и балканските. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести