Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест исплатливи идеи за нов бизнис

Шест исплатливи идеи за нов бизнис

Сајтот Inc.com со експерти дошол до заклучок кои индустриски гранки се добри за нов бизнис и носат пари. 

Еве кои бизниси највеќе ветуваат за годинава:

Медитација и тренинзи на свесност и фокусираност - Се повеќе компании трошат пари за подобра фокусираност на работниците. 

Кафе или чај кои можете да ги носите со себе и да ги пиете веднаш - На купувачите им е важно кафето да биде ставено во убава чаша. 

Грижа за домашни миленици - 8 милијарди долари во светот се заработени лани од овој бизнис. 

Синтетичка биологија - Тоа се големи, но скапи проекти. Интересот за здрава животна средина е врзан со модифицирана храна, лекови и гориво. 

Визуелни податоци - Ова е технологија која може да се примени на интернет, на социјалните мрежи и на детски развој. 

Технологија која помага при купување - Зошто да ја напуштите собата и да одите да купувате, кога дома можете да ги добиете податоците за облека и слично. Компанија од Лондон, податоци од куклите на излог ги префрла на паметен телефон и тие се достапни за купувачите. 

Слично

Поврзани вести