Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест грчки острови ќе ги изгубат даночните олеснувања

Шест грчки острови ќе ги изгубат даночните олеснувања

Грчката влада објави дека најпопуларните туристички дестинации - Миконос, Санторини и Родос ќе бидат првите грчки острови, кои ќе ги загубат даночните отстапки според новиот план за економско заздравување на земјата, објави EurActiv.

Од 1 октомври даночната стапка ќе се израмни со остатокот од земјата.

Островите, кои ќе плаќаат повисоки даноци се Родос, Санторини, Миконос, Наксос, Парос и Скијатос, велат од грчкото Министерство за финансии.

Грција, која се бори со огромен надворешен долг, беше принудена да ги откаже даночните привилегии поради тешките реформи, барани од меѓународните кредитори.

Данокот на голем спектар на производствени услуги е зголемен од 13 на 23% од јули.

Слично

Поврзани вести