Шест глобални банки ги здружија силите за да создадат криптовалута
Шест од најголемите банки во светот се вклучуваат во проектот за создавање на нова форма на дигитални пари. Тие се надеваат дека ќе стартуваат следната година, а целта е да се искористи итното плаќање и клиринг на трансакции со хартии од вредност, објави Фајненшал тајмс.
Barclays, Credit Suisse, Canadian Imperial Bank of Commerce, HSBC, MUFG и State Street ќе ги здружат силите за да ја развијат криптовалутата "utility settlement coin" (USC, практична парична единица за плаќање). Таа е формирана минатата година од страна на швајцарската банка УБС заедно со Clearmatics Technologies. Досега BNY Mellon, Deutsche Bank и Santander се приклучиле на проектот.
Сега проектот влегува во нова фаза - учесниците се стремат да ги продлабочат дискусиите на USC со централните банки и да работат на дополнителни мерки за заштита на новата криптовалута.
„Ние разговараме со централните банки и регулаторите и ќе продолжиме и во наредните 12 месеци со цел делумно пуштање на валута кон крајот на 2018 година“, изјавил шефот на стратешки инвестиции и иновации во UBS Хаидер Џефри.
Единствената криптовалута USC ќе се разменува за најразлични традиционални валути во зависност на потребите на учесниците во трансакцијата.
Технологијата Блохен првично ги исплаши банките кои сметаат дека се несигурни. Сепак, по внимателно разгледување, финансиските компании наоѓаат нови начини да користат блокчеин за различни операции.
