Шест доживотни казни, една ослободителна пресуда – заврши судењето за „Монструм“!
Шестмина обвинети во судскиот процес „Монструм“ денеска добија доживотни затворски казни за тероризам и извршување на петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Меѓу нив се и двајцата првоосомничени, кои во косовски затвор издржуваат казна затвор од 2,5 години за недозволено поседување оружје.
Судот единствено утврдил дека обвинетиот Сејди Рами не е виновен и тој е ослободен од сите обвиненија.
Обвинетите на Велики Четврток пред две години убија пет лица кај Смилковското Езеро, меѓу кои четири млади момчиња и еден повозрасен човек. Според обвинението, повеќекратното убиство имало за цел да внесе страв кај населението и да креира нестабилност во земјата.
Слично
