Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест Босанци обвинети за помагање на Исламската држава

Шест Босанци обвинети за помагање на Исламската држава

Против шест босански емигранти е покрената тужба поради испраќање пари и опрема на терористите, меѓу кои се и борците на Исламската држава и Ал Каеда во Сирија и Ирак, соопшти американското министерство за правда.

Шестте босански емигранти се од Мисури, Илионис и Њујорк. Петорица се уапсени во Сад и осудени за давање на материјална помош на терористите, додека шестото лице е во странство.

Сите шест челенови на групата се имигранти во Сад од Босна и Херцеговина, а тројца од нив добиле и американско државјанство.

Како што е соопштено обвинетите босански емигранти преку посредници во Турција и Саудиска Арабија префрлале пари на екстремистичките припадници во Сирија, Ирак и други земји, пренесе Ројтерс.

Оваа група во изминатите две години префрлила илјадници долари за купување на опрема за странските борци кои се придружиле на терористичките групи во Сирија, Ирак и други земји, се вели во обвинението.

Во обвинението се тврди дека челеновите на оваа група користеле телефон, Фејсбук и други социјални мрежи за праќање и примање на пораки, употребувајки фиктивни имиња и кодирани зборови, како што се "босански браќа" и "муџахедини".

Членовите на групата се идентификувани како Рамиз Зијад Хоџиќ (40), неговата жена Седина Ункич Хоџиќ (35) и Армин Харчевиќ (37) сите од Мисури, Нихад Росиќ (26) од Љујорк, Дедиха Салкичевиќ (34) од Илионис и Јасмина Рамиќ (42) од Илионис.

Слично

Поврзани вести