Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕШЕЉ ЗА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Таа ми е колешка по уставно право и исправно постапува

ШЕШЕЉ ЗА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Таа ми е колешка по уставно право и исправно постапува

Претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ го пофали изборот на новата македонска претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Вели дека таа си ја знае работата. 

„Ми се допаѓа новата претседаталка која си ја знае работата. Таа ми е колешка по уставно право и исправно постапува. Очекувам и новата влада да биде поинаква, патриотска, бидејќи ако е патриотска кон Македонија сигурно ќе биде братска и патриотска кон Србија“, изјави Шешељ во емисијата „Хит Твит“.

Инаку, Силјановска Давкова на заклетвата го употреби името „Македонија“, без „Северна“ со што ги налути Грците кои се закануваат дека ако земјава не го почитува Договорот од Преспа, ќе следат блокади. 

Грчкиот премиер Kирјакос Мицотакис и вчера за весникот „Реал њуз” стави до знаење дека европскиот пат на Македонија поминува низ Грција и дека нашата земја може само да профитира од добрите односи со Грција, во спротивно може да наиде на проблеми за влез во Европската Унија.

Слично

Поврзани вести