Шешељ тврди дека Вучиќ може да биде отруен при престој во странство
Лидерот на Српската радикална странка (СРС), Воислав Шешељ на ТВ Пинк предупреди дека е загрозен животот на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека е под закана за труење. Затоа вели дека Вучиќ треба да праќа свои претставници на средбите во странство, бидејќи, како што рече, „постои можност да биде отруен при престој надвор од Србија“.
Шешељ претходно изјави дека Вучиќ им пречи на Американците кои, според него, веќе подготвуваат наследник на српската опозиција.
„Тоа значи дека Американците ќе се обидат да извлечат максимум за себе на три фронта. Прво, сакаат да го урнат Вучиќ и тоа одамна“, рече Шешељ.
Лидерот на СРС вели дека Американците имаат свои долгорочни цели на овие простори. Според него, тие сакаат уништување на Република Српска и признавање на Косово.
