Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕШЕЉ ТРГНА ЗА БЕЛГРАД: Од аеродром право во партија!

ШЕШЕЉ ТРГНА ЗА БЕЛГРАД: Од аеродром право во партија!
По 12 години поминати во притворот на Хашкиот трибунал, лидерот на српсдките радикали Воислав Шешељ, кој е привремено ослободен поради влошената здравствена состојба, тргна кон Србија. Со комерцијален лет на Ер Србија од Амстердам тој се очекува во Белград да пристигне околу 13 часот. Според информациите на српските медиуми, Шешељ на аеродромската писта го чувале 50-тина полицајци додека зсе качил на авионот. Припадниците на Српската радикална партија во Белград му организираат пречек. Со Шешељ било договорено тој најпрвин кратко да им се обрати на аеродромот, а потоа веднаш да замине во седиштето на партијата во Земун. Таму радикалите подготвуваат забава со музика, храна и пијалоци за да го пречекаат нивниот лидер. За в сабота на Плоштадот на Републиката во Белград е организиран и митинг на кој се очекува да зборува Шешељ. Хашкиот трибунал не му забрани политичка активност на Шешељ како услов за ослободувањето. За него само требаше да понуди гаранции српската држава и тој да вети дека нема да влијае на сведоците во случајот против него и дека ќе се јавува на повиците на Трибуналот. Неговата здравствена состојба лекарите ја оценија како исклучително влошена, откако беше откриено дека тој има метастази на рак на црниот дроб.
Слично

Поврзани вести