Шешељ стигна во Белград!
Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ пристигна во Белград по 12 години поминати во притворот на Хашкиот трибунал. Шешељ слета на аеродромот во Белград со комерцијален лет на Ер Србија од Амстердам.
Тој е привремено ослободен од Трибуналот поради хуманитарни причини, заради влошената здравствена состојба бидејќи боледува од рак на црниот дроб.
На аеродромот „Никола Тесла“ го пречекаа членовите на неговото семејство, раководството на Српската радикална партија, како и поголем број приврзаници.
Тие го пречекале со трубачи и со извици „Војо, Србине“ и „Војо војводо“. Иако било најавено дека Шешељ по пристигнувањето кратко ќе им се обрати на медиумите, тоа сепак не се случило, туку тој веднаш продолжил кон седиштето на радикалната партија во Земун.
http://www.youtube.com/watch?v=vaHXS-F-JxQ
За в сабота на Плоштадот на Републиката во Белград е закажан митинг на кој треба да зборува Шешељ.
Слично
