Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шешељ посочи каде згрешил Вучиќ и што е она што им треба повеќе од леб

Шешељ посочи каде згрешил Вучиќ и што е она што им треба повеќе од леб

Воислав Шешељ од Српската радикална партија вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ згрешил и дека нив литиумот им е потребен како леб. 

Вели дека одлуката да се запре со експлоатација на литиум во Јадро е погрешна и дека мора да се промени. Смета дека Вучиќ имаше влијание, го запре, но тоа е грешка и со тоа губат. Кажа дека жителите на блиското село ги продале куќите за големи пари, а потоа оделе на протестите против Рио Тинто и се надевале дека државата ќе им ги врати. 

„Литиумот е огромно богатство кое припаѓа на целиот народ, а не на тие луѓе кои живеат на тие имоти. Тие се обештетени многу над цената и со тие пари на друго место купија имоти. Демагошка е тезата дека тие луѓе не храната, затоа што произведуваат за себе, за своето семејство и малку за пазарот“, рече Шешељ. 

Кажа дека рудната рента од 3 отсто е многу мала и треба да биде 10, а за некои руди дури и 20 отсто. Вели дека Србија мора да го развие рударството и индустријата. 

Фото А. Васиљевић

Слично

Поврзани вести