Шешељ: Што ќе ми е пиштол кога сум четнички војвода?!
„Покраинската влада е неуспешна бидејќи го изгуби легитимитетот па треба да се менува преку вонредни избори“, рекол Воислав Шешељ пред влезот во Собранието на Војводина бидејќи собранискиот колегиум не му дозволил да присуствува на седницата на која се расправало за буџетот за идната година, пренесува српски блиц.
„Не е дозволено со членовите на партиската група СРС да одржам состанок во собраниските простории па сум приморан тоа да го направам овде пред собранието. За да не се шпекулира повторно дека српските радикали гласале за буџетот како во случајот на рекострукциите на покраинската влада на ова заседание нема да присуствуваат моите пратеници“, рекол Шешељ.
На прашњето дали тоа се однесува и на пратеникот Стојан Тинтор кој гласал за новата влада на Војводина, Шешељ рекол: „Да и тој е со нас“.
Шешељ новинарите го запрашале дали се уште е вооружен и дали носи пиштол со кој повлекол кон новинарите, тој одговорил: „Што ќе ми е пиштол јас сум најсилниот четнички војвода - одговорил Шешељ и додал дека на се срами од неговото минато“.
„Што се однесува на гласините“, продолжил Шешељ „Да каже Иштван Пастор јас сум јавач на апокалиспата, јас во тоа нема да поверувам“.
„Пастор многу го почитувам и ценам , бидејќи откако тој е на чело на СВМ таа партија е коректна и лојална на Србија за разлика од Јозев Касе и Андраш Агоштан. Тие секогаш се согласуваа со анти-српската опозиција“, рекол Шешељ и продолжил со обвинувањата против СНС.
„Томислав Николиќ со Хрватите сака да ја ревидира државната граница и да им подари повеќе од 10 илјади хектари на левиот брег на Дунав - рекол Шешељ апелирајќи на „граѓаните на Србија да посакаат во 2015 да не останат на власт Томислав Николиќ и Александар Вучиќ“.
(Извор: блиц.рс)
