Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шешељ повикан да се врати во Хаг

Шешељ повикан да се врати во Хаг

Судскиот совет на Хашкиот трибунал за жалби нареди денеска лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ да се врати во притвор во Хашкиот трибунал од привремена слобода во Србија.

Советот таа одлука ја донел усвојувајќи ја жалбата на тужителот.

Судскиот совет со расправата со кој му судел на Шешељ, наложил „веднаш да се отповика одлуката на привремено солободување на Шешељ и наредил да се врати во притвор“.

 Шешељ, обвинет за злосторства над Хрватите и Муслиманите во Хрватска, Војводина и БиХ, 1991-93 првостепено Судскиот совет го пушти на привремена слобода во ноември минатата година.

Слично

Поврзани вести