Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шешељ: Среќен сум што го запалив хрватското знаме

Шешељ: Среќен сум што го запалив хрватското знаме

,,Јас сум среќен што го запалив знамето на Хрватска и едвај чекам да почне судската постапка" - изјави Воислав Шешељ за новинарите пред  хрватската амбасада во Белрад.

Тој го запали знамето денеска на собирот на приврзаниците на Српската радикална партија  пред амбасадата, како реакција на одбележувањето на воената акција Бура и протерувањето на над 220.000 краински Срби.

Веднаш потоа, јавното обвинителство покрена кривична постапка против Шешељ за палење на државно знаме.

Пред амбасадата, голем број полициски службеници се обидуваа да воспостават ред и да ја смират толпата.

На Шешељ не му  дозволуваа да одржи говор пред зградата на хрватската амбасада, а полицискиот кордон ги сопира и следбениците на радикалите да дојдат до зградата.

Слично

Поврзани вести