Шешељ го обвини јавниот обвинител во Хаг за земање поткуп
Лидерот на Српската радикална партија (СРС) и осомничен за воени злосторства Воислав Шешељ го обвини главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц за земање поткуп од Хрватска.
Шешељ побара од Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг да започне дисциплинска постапка за негово отстранување од функцијата.
Како што соопштија белградските медиуми, Шешељ изјавил дека Брамерц инсистира на неговото враќање во затворот на Хашкиот суд под притисок на Хрватска и неколку европратеници.
Според Шешељ главниот обвинител добил солидна сума пари од Загреб.
Слично
