„Shell“ ќе го купи британскиот гасен производител „BG Group“ за 70 милијарди долари
Нафтената корпорација „Royal Dutch Shell“ ќе го купи британскиот производител на гас „BG Group“ за 70 милијарди долари, пренесоа агенциите.
Ова го изјавија двете компании денеска.
Тоа е најголемиот договор за спојување во индустријата за изминатата деценија.
Експертите забележуваат дека трансакцијата е овозможена поради намалените цени на нафтата и наредното поевтинување на нафтените средства.
Слично
