Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќерот поскап за 65 отсто, медот за 30 отсто: Германците се соочија со огромен скок на цените

Шеќерот поскап за 65 отсто, медот за 30 отсто: Германците се соочија со огромен скок на цените

Порасна и шеќерот во коцки, па килограм повеќе не чини 99 центи

Супермаркетите и дисконтите во Германија на почетокот на оваа недела повторно ги покачија цените на многу прехранбени производи.

Магазинот „Фокус“ ​​посочува дека сите супермаркети и дисконти го покачиле шеќерот. За најевтин шеќер потрошувачите сега треба да платат 1,29 центи, што е зголемување за 65 проценти.

Во продавниците на дисконтните синџири „Алди“, „Лидл“ и „Нето“ минатата недела шеќер можеше да се купи за 79 центи.

Поскапе и шеќерот во коцки, па килограм повеќе не чини 99 центи, туку 1,49 евра, што е поскапување за 50 отсто. Шеќерот во прав поскапе за цели 100 отсто, пренесува Танјуг.

Поскапеа и бисквитите за 20 отсто, медот за 30 отсто, кечапот за 50 отсто. Така, кечапот во „Алди“ наместо 99 центи чини 1,69 евра. Германски „Фокус“ ​​посочува дека ова поскапување не е последно, бидејќи производителите бараат уште повисоки цени.


Фото: unsplash

Слично

Поврзани вести