Мијалков и Шеќеринска во клинч: Некој живее под кирија, а друг има пет станови?
Шеќеринска чека одговор за имотната состојба и станот на Мијалков. Тој пак одговара дека живее под кирија и нема ништо нерегуларно во неговите фирми.
И по 24 часа од пратеничките прашања нема одговор, ниту реакција од премиерот, ниту од Директорот на тајната полиција, а ни од Дражавната антикорупциска комисија, истакна денеска потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска која вчера пред пратениците запраша како за пет години директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков се збогатил за 1,6 милони евра.
„Вчерашното соопштение како да излегло од некои редовни гледачи на американскиот филм „Кум“. Ако мислат, ако се надеваат дека споредбите со Љубе ќе не уплашат, се лажат. Апсете, заканувајте се и продолжете со истата политика на создавање страв“, истакна Шеќеринска.
Таа посочи дека нема да се извини, дека очекува да продолжат притисоците и заканите. За неа останува спорно што во имотниот лист Мијалков пријавил дека зел 500 илјади евра од продажба на основачки долг на фирми и исто толку за удели во странски фирми. Затоа , вели чудно е тоа што во 2008 година има само еден сопственички удел во домашна фирма, а денеска е сопственик на четири фирми, две домашни и две странски.
Мијалков писмено се огласи во јавноста. Посочува дека неговиот удел од 50 отсто во фирмата регистрирана во 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, односно во две одвоени трансакции по 25 отсто, кои вределе по 500.000 евра. Посочува дека од безбедносни причини неможе да ја открие адресата на која живее во стан под кирија.
„Ако Шеќеринска има барем еден доказ дека тој стан е моја сопственост и не сум го пријавил или пак дека постои каква било незаконитост во врска со ова, ја повикувам истиот да го приложи. Во спротивно и тоа ќе и се смета за уште една во низата измислици и клевети“, повика Мијалков.
„Шекеринска е во очај и очигледно е збунета кога првин вели дека немало, па потоа дека имало одговор. Важно е дека јавноста увиде дека нејзиниот капацитет и врвна политичка умешност се состојат во повторувањето на истите клевети на Љубе Бошкоски за кои беше констатирано дека се лажни и неточни од страна на судот и за кои и самиот Бошкоски јавно се извини и призна. Вчера сите медиуми и целокупната јавност можеа да се уверат дека не постои незаконско удвојување на имотот, туку тоа е само уште една во низата измислици на Шеќеринска. Јавноста доби одговор за продажбата на уделот во фирмата која главно се занимава со градежништво, а на медиумите им беше приложен и мојот одговор од 2011 година каде точно се наведува и името на фирмата и целосната постапка“, стои во соопштението на шефот на тајната полиција.
Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека Шеќеринска бега и се крие, а Мијалков уште вчера дал детални информации околу својата имотна состојба.
„Разликата е очигледна. Шеќеринска сака да скрие нешто. Како е возможно еден поранешен потпретседател на Влада, без претходно значајно работно искуство, за само 5 години да стекне недвижен имот во вредност од 500.000 евра? Очигледно е дека таа сака да скрие нешто. Никој не и се заканува, а уште помалку ја заплашува“сметаат од владејачката партија од каде посочија дека за пет години се стекнала со имот од пет станови.

Слично