Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: Како „црни“ турски пари влегле во Македонија?!

Шеќеринска: Како „црни“ турски пари влегле во Македонија?!
Скандалот кој ја тресе Турција и аферата со апсењето на директорот на Халк банка Сулејман Аслан, кај кого беа пронајдени 4,5 милиони евра ставени во кутии за чевли, се најде на пратенички прашања во македонското собрание. Пратеничката Радмила Шекеринска ја цитираше изјавата на директорот на Халк банка, дадена за турската полиција, дека дел од овие пари или околу еден милион евра биле наменети за Македонија, а 900.000 веќе биле префрлени во земјава. Таа го запраша премиерот, на каков начин во Македонија можат да влезат вакви пари. „Ако мислевме дека во Македонија шишињата имаат магична моќ да соберат 750.000 евра, сме се излажале. Сличен марифет имаат и кутиите за чевли. Па дознавме дека во таква кутија можат да се соберат до 4,5 милиони евра. Тоа, се разбира, не се откри во Македонија, туку во пријателска Турција. За овој премиер и за оваа влада 4,5 милиони евра се ситница, така барем се изразија за 8 милиони евра за кои ревизијата констатира дека биле злоупотребени за изградбата на само 11 споменици од  Скопје 2014“, истакна Шеќеринска во собрание. Шеќеринска праша и зошто тогаш полицијата и царината се фалат со акции и пронаоѓање на 20.000 евра кај граѓани кога, како што рече, вакви случаи и оние со 750.000 евра во шише остануваат нерасветлени. Иако прашањето беше упатено до премиерот Груевски, одговори вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Вели дека во Македонија законите се почитуваат, а ограничено е колку пари смее да се пренесат преку граница во готовина како и преку банкарска трансакција. „Ако располагате со информација којашто е сигурна дека се пренеле нелегално милион евра имате обврска тоа да го пријавите. Универзитетите се финансираат од донации, но тоа не значи дека трансакцијата е направена по нелегален пат. Сето друго претставува ваша шпекулација бидејќи немате ниту еден доказ ниту пак кажавте на база на што ги изнесувате овие квалификации“, рече Ставрески.
Слично

Поврзани вести