Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска во Крушево: Секој оној кој ќе дипломира, во првите 6 месеци ќе добие шанса да работи

Шекеринска во Крушево: Секој оној кој ќе дипломира, во првите 6 месеци ќе добие шанса да работи
СДСМ денеска пред младите во Крушево ја презентираше мерката за решавање на проблемот со невработеноста со воведување на „младинска гаранција“. Како што посочи потпретседателката на партијата, Радмила Шекеринска, според Светска банка третина од високообразованите млади луѓе заминале од Македонија и дека власта на вештачки начин ја намалува невработеноста, со бришење од евиденцијата. - Секој оној кој ќе дипломира, во првите 6 месеци ќе добие шанса да работи. Оваа мерка ќе претставува еден вид субвенција и стимулација за младите, со цел намалување на невработеноста и стекнување работно искуство – рече таа. Шекеринска најави и други мерки за решавање на оваа проблематика, како што се создавање бизнис инкубатори, стимулирање на оние фирми кои ќе отвораат работни места, а субјектите кои дел од профитот ќе го инвестираат во наука, спорт, култура, да бидат ослободени од плаќање данок.  
Слично

Поврзани вести