Шекеринска: Срамно е што Иванов е само нем сведок
Запрашана од медиумите како го толкува цело време молкот на Претседателот на државата кој, едноставно, никако да се одважи за сите тие афери Шекеринска истакна дека молкот на Иванов е очекуван и срамен.
„Начинот на којшто беше избран, начинот на којшто ја практикуваше својата функција во изминативе пет години, не нé тераше да очекуваме нешто повеќе. Но, во ситуација кога Република Македонија е во сериозна криза, навистина и ние сме шокирани дека тој продолжува да биде само нем сведок. Власта излезе со серија на смешни лаги, тој не собра сила дури ни да го свика Советот за безбедност, а замислете, неговите први соработници тврдат дека овдека ровареле странски служби. Тоа покажува дека дури ни Иванов не верува во лагите на Груевски“, посочи таа.
