Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: На Македонија и треба час поскоро решение за оваа криза

Шеќеринска:  На Македонија и треба час поскоро решение за оваа криза

Со самиот факт што се оневозможија криминалните избори и се повлекоа сите аболиции на Иванов, со ова се отвори шанса потворно да бараме решениe за сериозната политичка криза, изјави денеска заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по средбата со амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Вели дека треба час поскоро да се исполнат сите услови за фер и демократски избори и притоа, да знаат дека тие нема да бидат повторување на претходните криминални избори.

„И да им дадеме шанса на граѓаните на Република Македонија, а не на власта да одлучува кој ќе ја носи одговорноста за земјата во следниот период. Сега е прерано да се каже како ќе се одвива процесот, но сметаме дека на Република Македонија и треба час поскоро решение за оваа криза. Имаме ситуација во која секое од прашањата кои се дадени во договорот од Пржино практично виси, и не смееме Република Македонија од една политичка криза да навлезе во уште подлабока криза“- кажа Шекеринска.

На средба со Бејли и Орав беа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, од ДУИ Артан Груби и од ДПА Имер Алиу.

Бејли и Орав се надеваат на договор меѓу партиите.

Слично

Поврзани вести