Шеќеринска: На Македонија и Скопје им се случи огромна катастрофа
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска ги посети граѓаните од најпогодените подрачја во Скопје каде имаше поплави.
Таа вели дека на Македонија и на Скопје навистина им се случи огромна катастрофа.
„Состојбата е ужасна и за жал луѓето се оставени сами да се снаоѓаат и да ги решаваат проблемите. Сакам да изразам сочуство на сите семејства коишто ги изгубија своите најблиски. Сакам да ги повикам сите граѓани, пред се на Скопје, но и на цела Македонија, да се приклучиме и да им помогнеме на нашите сограѓани, на нашите соседи, на сите оние на кои помошта им е најпотребна. Потребна е вода за пиење, потребна е храна, потребна и е физичка помош, за да секое семејство се спави со ужасот коијшто им ги уништил куќите, домовите, сето она коешто го создавале со години“ - кажа Шеќеринска.
Се надева дека институциите многу поорганизирано и многу побрзо ќе се вклучат во санирање на хаосот, и забележа дека секаде каде што влегла нема вода за пиење и нема струја.
Во невремето синоќа загинаа над 20 луѓе.
