Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Можна е нова малверзација со европските пари

Шекеринска: Можна е нова малверзација со европските пари
Истите организации за кои што Брисел констатираше незаконска прераспределба на европските фондови,се јавуваат како добитници на грантовите за 2012, блиски луѓе до тогашниот директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, предупредува Радмила Шекеринска. - Списокот на апликации и проекти кои се поддржани преку истава оваа агенција, покажува дека девет од единаесете апликации коишто се поддржани, се членки на една иста коалиција во којашто членуваат токму организациите, кои беа вмешани во злоупотребите од 2010 година – изјави Шеќеринска. Таа посочува дека во списокот на организации на коишто им се доделени најголем дел од европски пари, се тие од коалицијата „Сега“. - Истите луѓе и организации поради кои ни ги земаа парите сега се наградуваат со истите пари. Претпоставуваме дека мрежата на конфликт на интереси, на злоупотреби е поголема од оваа што на прв поглед можевме да забележиме и затоа овие документи ќе ги испратиме и до вицепремиеката за европски прашања, со надеж дека македонските институции сега ќе бидат побрзи од европските – вели Шеќеринска. Таа потсетува дека поради серија злоупотреби и, како што вели, криминал во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Европската комисија реагираше, а младите две години останаа без европските пари.   Во мај годинава Европската Комисија додели грантови од околу 135 илјади ерва на 28 невладини организации.
Слично

Поврзани вести