Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: Ќе обезбедиме сигурна и подобра иднина за сите граѓани

Шеќеринска: Ќе обезбедиме сигурна и подобра иднина за сите граѓани
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска пред охриѓани ги претстави економските мерки на партијата. Акцентот беше ставен на намалување на извршителските трошоци, минимална плата од 15.000 денари, пооглеми плати за медицинскиот персонал и бесплатно болничко лекување. „Преку силна поддршка на домашните мали и средни претпријатија, од 20-50 милиони евра државна финансиска помош, ќе се отворат нови работни места. Мерките во Програмата СДСМ ќе го зголемат стандардот на граѓаните и ќе допринесат за зголемување на минималната плата на 15 илјади денари, а просечната на над 29 илјади денари. Така ќе обезбедиме сигурна и подобра иднина, подобар живот на сите граѓани“- кажа Шекеринска. Таа вети дека же ги намалат и трошоците за живот во секое домаќинство, со тоа што ќе ја укинат радидифузната такса, ќе ја вратат ефтината тарифа на струјата и слично. Додаде дека украдените пари ќе треба да се вратат, а некој за тоа ќе треба да понесе одговорност. Според неа, на овие избори народот ќе бира помеѓу Македонија и криминалците.
Слично

Поврзани вести