Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: Јас немам што да кријам!

Шеќеринска: Јас немам што да кријам!

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска реагираше на објавените информации на провладините медиуми, за нејзиниот летен одмор и наводната ,,луксузна јахта''.

,,Што се однесува до летувањето на моето семејство еве предлог до власта: ВЕДНАШ да организираат дебата на која секој ќе покаже документи каде го поминал одморот, колку тоа чинело и од каде се покриени трошоците. Ајде, јас немам што да кријам. Како знак на добра волја, нема да поставувам прашање за цената на очилата коишто станаа болна точка на власта, па поради тоа постојано лажат и навредуваат''- напиша Шеќеринска на својот фејсбук профил.

Таа вели дека институциите кое 9 години се под раководство на ВМРО-ДПМНЕ сто пати го провериле целиот нејзин имот, но не нашле ништо непријавено или незаконско,затоа што такво нешто немало.

Слично

Поврзани вести