Шекеринска: Извештајот покажува дека Македонија е на опасен пат!
Извештајот што денеска го објави Европската комисија е причина за сериозна загриженост, смета опозицискиот СДСМ. Заменик-претседателот на партијата, поранешната вицепремиерка за евроинтеграции Радмила Шекеринска, владејачката гарнитура ја довела Македонија во ќор-сокак, а тоа, како што рече, го потврди сега и ЕК.
„Извештајот е драматично покритичен во однос на истиот минатата година. Оценките се драстично полоши во однос на сите од соседството. Ќор-сокак, владин неуспех, назадување, чекори назад – тоа се зборовите кои доминираат во само една страница на резимето за Македонија“, изјави Шекеринска.
Според неа, ЕК сега го критикува јасно, гласно и директно она што порано го кажувала срамежливо. Нема веќе дипломатски ракавици и завиени формулации, рече таа.
Слично
