Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: Две работи мора да се случат пред изборите

Шеќеринска: Две работи мора да се случат пред изборите

Радмила Шеќеринска, потпретседателка на СДСМ на дебатата во студио на НОВА говори за Пржинскиот договор 2 и за актуелните состојби во државата.

Вели дека на Македонија и требаат фер и креидбилни избори.

„Има многу работи што треба да се променат во Македонија, ама две работи мора да се случат пред изборите, медиумска реформа и прочистување на избирачкиот список. Сега се сконцентриравме на нив. Медиумските реформи не го решаваат проблемот на медиумските слободи во Македонија, се согласувам. Но, нудат шанса за попрофесионално и објективно однесување на медиумите во периодот до изборите“ - вели Шеќеринска.

За „Шарената револуција“ вели дека е во ред тоа што соопштија дека будно ќе следат дали договореното ќе се реализира. Според неа, „шарените“ треба да бидат на изборни листи.

На дебатата во студио на НОВА поканети беа и преговарачите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ,Никола Тодоров и Артан Груби од ДУИ кои не одговорија на поканата.

Слично

Поврзани вести