Шеикот во Порто Монтенегро оставил бакшиш од 36.000 евра
Арaпскиот инвестициски фонд „ Investment Corporation of Dubai ICD“ во мај ја презеде сопственоста над тиватскиот наутичко-туристички комплекс Порто Монтенегро.
Премиерот на Дубаи шеикот Мохамед бил Рашид ал Мактум, кој престојувал во хотелот „Регент“ во Порто Монтенегро, според работниците на тој угостителски објект бил и повеќе од широки раце.
Според пишувањата на црногорските медиуми, во хотелот престојувал два дена, а порачал околу 20 шишиња најскап шампањ, а персоналот го наградил со 36 000 евра.
Во текот на престојот во Тиват шеикот се состанал со премиерот Мило Ѓуканович кој ја истакнал дека желбата на црногорската влада да привлекува што повеќе инвестиции од Обединетите Арапски Емирати.
Да потсетиме, арапскиот инвестициски фонд „Investment Corporation of Dubai ICD“ во мај ја презеде сопственоста над тиватскиот наутичко-туристички комплекс Порто Монтенегро.
Износот за кој Арапите го купија Порто Монтенегро е бизнис тајна.
