Шеикот од Абу Даби купи хотел на Копаоник
Владата на Србија кон средината на септемвр ќе потпише три нови договори со компаниите од Абу Даби. Се очекува по тој повод во Србија да дојде и принцот претстолонаследник на ОАЕ шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, кој минатиот месец го купи хотелот Југобанка на Копаоник, пренесе „Блиц“.
Објектот се наоѓа во непосредна близина на жичарницата, а принцот го купил лично, но нема намера да го претвори во резиденција туку ќе биде отворен за гости. Нема информација за колку пари е купен.
Покрај овој хотел Арапите влегуваат и со други инвестиции во Србија.
По преземањето на ЈАТ, планираат изградба на фабрика која ќе произведува делови за авиони,ќе основаат истражувачки центар за ИТ секторот, ќе инвестираат во земјоделството, градежништвото, турзимот и инфраструктурата.
