Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот на кабинет на Рафиз Алити изведен пред истражен судија

Шефот на кабинет на Рафиз Алити изведен пред истражен судија
Шефот на кабинетот на директорот на „Македонска пошта“, Рафиз Алити, под сомнение дека го предизвикал пожарот во „Македонска пошта“, со што сторил тешко дело против општата сигурност, денеска е изведен пред истражен судија. Според истрагата, причина за пожарот, кој избувнал во канцеларијата на шефот на кабинет е човечки фактор. Алити, пак, тврди дека шефот на кабинетот во моментот на избувнување на пожарот, не бил во канцеларијата. Cпоред него, апсењето било политички мотивирано. Кога се случи пожарот „Поштата“ не беше осигурена. Подоцна беше склучен договор со осигурителна компанија која се обврза да ги покрие трошоците. Во пожарот настрада и импозантниот мурал на Борко Лазевски.  
Слично

Поврзани вести