Шефот на Бундесбанк бара зголемување на границата за пензионирање во Германија
Германското општество старее и земјата ќе има тешкотии да излезе од кризата ако луѓето не се пензионираат подоцна, изјави претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.
„Мораме да бидеме искрени со себе, дури и кога е непријатно“, изјави Нагел за table.briefings.
Според него, „мора да се верува дека луѓето во Германија ќе разберат каде е предизвикот“, што во суштина е конкурентноста на земјата. Ако тоа не успее, Германија и Европа ќе заостанат зад своите конкуренти, пренесува dpa.
Нагел е гласен застапник на итни реформи, вклучително и зголемување на возраста за пензионирање.
По две последователни години рецесија, економистите очекуваат минимален раст и во 2025 година, а малку почувствителен раст, со стапка од 1,3 проценти, само од 2026 година.
Тие oчекуваат раст поради посебен фонд за масовни инвестиции во следните пет години.
Данска е земја која ја зголеми границата за пензионирање на 70 години. Одлуката е донесена пред неколку месеци.foto freepik.com
