Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот на Amazon продаде акции од компанијата за 1 милијарда долари

Шефот на Amazon продаде акции од компанијата за 1 милијарда долари

Извршниот директор на Amazon и вториот најбогат човек во светот Џеф Безос продаде акции од компанијата за околу 1 милијарди долари, пренесе Bloomberg.

Ова се случува само еден месец откако тој рече дека годишно троши горе-долу таква сума за својата компанија за вселенските студии Blue Origin.

Безос продаде дел од акциите оваа недела, меѓу вторник и четврток, по цена која се движи од 935-950 долари по акција, покажуваат документи поднесени до регулаторите. Тој сеуште поседува 79,9 милиони акции, или околу 17% од компанијата, во споредба со 83 милиони акции, со кои располагаше во крајот на 2015 година.

Растечкиот бизнис на Amazon со e commerce и победничката единица за облачни услуги му помогнаа на главниот извршен директор да стане еден од најбогатите луѓе во светот.

Безос продава своите акции за да инвестира во „Blue Origin“, која има за цел да испраќа туристи на кратки летови во вселената, каде што тие можат да почувствуваат како е да си во таа сфера и да видат прекрасни погледи кон Земјата.

Слично

Поврзани вести