Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шаторите пред српскиот парламент се отстранети, нема повеќе „Чациленд“

Шаторите пред српскиот парламент се отстранети, нема повеќе „Чациленд“

Во Белград, шаторите што беа поставени пред Народното собрание на Србија во таканаречениот Чациленд.Според српските медиуми, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“.

На отстранувањето на шаторот му претходеше обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој најави дека на тоа место ќе создаде новогодишно село во кое ќе можат да уживаат сите граѓани.

Вучиќ, исто така, најави дека паркот Пионирски ќе биде отворен за сообраќај. Во вчерашното обраќање пред Собранието на Србија, Вучиќ рече дека следната година ќе има избори во земјата.

Потсетуваме дека откако студентите започнаа масовни протести во Србија поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, пред Парламентот беше формирана шаторска населба. Чациленд каде што престојуваа „студенти кои сакаат да учат“, но и бројни поддржувачи на владејачката Српска напредна партија (СНС).


Слично

Поврзани вести