Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шаторите на стечајците се вратија пред Собранието

Шаторите на стечајците се вратија пред Собранието

Стечајните работници во шатори ќе останат пред Собранието додека не им се исполнат нивните барања за конечно решавање на нивниот статус. На денешниот протест во Скопје, стечајците од здружението УНИТ најавија дека остануваат пред законодавниот дом додека не се решни нивниот проблем.

„Ќе останеме тука се додека Груевски не го реши нашиот проблем,а шаторите и блокирањето на улицата ќе продолжат и во наредните денови“, најави лидерката на стечајците Лилјана Георгиевска.

Стечајците велат дека се револтирани од неуспешната средба со првиот човек на ССМ Живко Митревски и од фактот што Владата ги игнорира нивните барања, кои вклучуваат паричен надомест за сите стечајци со минимум 15 години работен стаж, како и над 50 години старост за жени и 53 години за мажи.

Стечајните работници поставија шатори пред Собранието во 2007 година, во нив останаа повеќе од една година, се до донесувањето на првичните законски измени со кои добија надомест.

Со последните измени на законот за материјално обештетување на стечајците,  најавата од власта беше  дека ќе бидат опфатени околу 3000 стечајни работници од банкротирани фирми со доминантен државен капитал. Според податоците на  Агенцијата  за вработување досега ова право го искористиле само 1800 лица.
Слично

Поврзани вести