Шатори спроти Собрание, ќе останат тука до распишувањето на изборите
Скопјани утрово ги пречекаа поставени шатори пред Собранието.
Граѓаните кои ги поставиле таму велат дека нема да си отидат се до утре кога се очекува потписот на спикерот Трајко Вељановски за распишување на изборите.
Голем дел од луѓето веќе се распоредени во паркот спроти Парламентот.
Тие го обезбедиле просторот пред најавениот масовен собир закажан за вечерва од 18 часот.
Повторно ќе се бара оставка од Ѓорге Иванов, повлекување на неговата одлука за аболиција и одложување на изборите закажани за 5 јуни. Во спротивно ќе се повика на масовен бојкот на изборите.
Слично
