Шарон Бароу:ММФ протуркуваат деструктивни идеи
Прекумерното воведување на строги економски мерки и кратења на буџетот ќе доведат до политичка нестабилност и социјални немири, предупредија претставниците на синдикатите во светот.
Како што велат од Меѓународната конфедерација на синдикатите, која тврди дека претставува 175 милиони работници во светот, институциите како ММФ протуркуваат деструктивни идеи.
„Меѓународните финансиски организации, вклучувајќи го и ММФ го фокусираа своето внимамие на фискалната консолидација, без да го земат предвид начинот, на кој сето тоа се одразува врз лицата, кои ги загубиле своите работни места или на кои платите им биле намалени, изјави генералниот секретар на Конфедерацијата Шарон Бароу. „Од Грција до Индонезија луѓето излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство. Доколку не ги спречиме тие напади против правата на работниците, политичката нестабилност и социјалните немири ќе се интензивираат“, нагласи Бароу.
Слично
