Шарените револуционери пред полициската станица Беко со поддршка за Најчевска и Пировска
Професорката Мирјана Најчевска и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет од утринава заедно со протестантите од Шарената револуција се пред полициската станица Беко во Центар каде што протестираат.
Мотивот за утринскиот протест е револтот од како што велат, притисокот кој Министерството за внатрешни работи го врши врз учесниците во Шарената револуција и против хајката и репресијата на режимот против борците за човекови права.
Професорката Најчевска и Пировска од Хелсиншкиот комитет беа повикани да се јава утринава на информативен разговор во полициската станица а во знак на протест професорката Најчевска почна да ја бои фасадата со црвена боја, а поддршка доби од граќаните на протестот.
И Пировска и Најчевска се казнети со по 50 евра или општокорисна работа поради прекршок сторен за време на протестите од Шарената револуција.
Пировска по распитот рекла дека не го признава делото, но не го потпишала платниот налог, бидејќи според неа учеството и фрлањето боја на протестите е легитимно право на граѓаните за изразување револт.
Најчевска не се појави на распитот туку само нејзиниот адвокат.
Фото: РадиоМоф
