Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАРЕНИ ПРОТЕСТИ: Улицата го диктира излезот од кризата?

ШАРЕНИ ПРОТЕСТИ: Улицата го диктира излезот од кризата?

Синоќа се одржаа тринаесетите по ред антивладини протести на шарената револуција а во главниот град беа обоени  зградите на министерството за правда и Народната канцеларија на претседателот Иванов. Демонстрантите, кои истрајуваат на барањата за повлекување на одлуката  на Иванов за аболиција на политичари вмешани во аферата „прислушување“ и одложување на вонредните избори закажани за 5 јуни, поддршка пружа и здружената опозиција и албанската партија Беса.

 Во рамки на протестот демонстрантите палеа фотографии од Иванов, со слоганите „Мафија на робија“ и извикуваа поддршка за СЈО.

Протестите завршија пред Владата .

Во Тетово пак беа одржани протести и контрапротест, антивладин и за поддршка на владеачката партија и Никола Груевски, во период од два часа. За среќа немаше „блиски средби“ и инциденти.

Движењето „Протестирам“ под мотото „нема правда, нема мир“ интензивно ги продолжува антивладините протести и во Битола. Паралено собирите се ширати во Берово на исток и Кичево на запад, како и во Велес.

Слично

Поврзани вести