Шарени бои од „Шарена револуција“ за Собранието
Учесниците на протестите на „Шарената револуција“ вечерва повторно го обоија во шарени бои Собранието.
Демонстрантите и вечерва со катапулти го бојат Законодавниот дом. Се бара оставка од Иванов и целосно повлекување на аболицијата. Обоена беше Владата и водата во фонтаната на плоштадот. Протестите траат повеќе од 50 дена.
Утре ќе има блокади во Битола, а деновиве имаше блокади во Скопје на крстосници.
Слично
