„Шарената револуција“ вечерва ќе бара повисоки плати, а не повисоки споменици
Секој вработен има право на соодветна заработувачка, порачуваат од Шарената револуција.
Токму затоа вечерашните протести ќе бидат во фокусот на поголемите плати, наспроти високите споменици кои никнаа во рамки на проектот Скопје 2014.
Вчера демонстрантите протестираа против авторитарното и корумпирано владеење.
Поддржувачите на „Шарената револуција“ се упатија кон зградата на Пазарната инспекција а поминаа и пред зградата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Цела Македонија не се плаши! Денес своето чуство на огроченост, гнев и бес од авторитарното и корумпирано владеење ќе го изразат граѓаните од десет града“ – велат од „Протестирам“.
Слично

