Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“ со масовен протест ќе се бори против режимот

„Шарената револуција“ со масовен протест ќе се бори против режимот

„Шарената револуција“ вечерва во 19 часот организира масовен протест пред Специјалното јавно обвинителство.

Мотото е „Режимот планира да го укине СЈО, граѓаните доаѓаат по правдата“.

„На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата. Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. После денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме. Нашите ултимативни барања не беа исполнети. Тврдина на правдата, која граѓаните силно ја поддржуваат изминативе два месеца, сега е под сериозна закана. Груевски се плаши од затворот што го чека! Како граѓани имаме обврска да го спасиме СЈО од прангите на криминалците на власт!“ - велат од „Шарена револуција“.

Тие порачуваат дека институциите треба да ги бранат граѓаните, а не криминалот. Додаваат дека на Никола Груевски му е дојден крајот.

Наведуваат и дека прогонот на демонстрантите продолжува, но тие ќе се побунат против оваа власт.

Слично

Поврзани вести