„Шарената револуција“ продолжува во седум градови во Македонија
Протестите во рамки на „Шарената револуција“ продолжуваат и вечерва во седум градови во земјава.
Организаторите од „Протестирам“ ги објавија местата на кои вечерва ќе се протестира против општата аболицијата од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов за 56 политичари.
Во Скопје ќе се протестира во 18 часот пред СЈО, во Штип во 18 часот пред Основен суд Штип, Велес во 18:30 кај кружен тек Авона, во Тетово во 19 часот пред Основен суд Тетово, во Битола во 19 часот на плоштад Магнолија, во Струмица во 19 часот пред Старата полиција и во Гевгелија во 19.30 часот пред Пензионерски дом.
Се протестира веќе четврта недела во државата.
Слично
