„Шарената револуција“ продолжува од утре со протести
Здружението “Протестирам“, на Фејсбук го поддржа Второмајскиот протестен марш кој почнува од пред Домот на градежниците и најави продолжување на протестите на „Шарената револуција“.
„Секој кој протестира против авторитарниот и корумпиран режим, на ненасилен начин и без да ја монопилизира борбата е дел од#Протестирам. Во понеделник, на 2 мај, Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права организира протестен марш против постојаното погазување на правата и достоинството на работничките и работниците. Ги повикуваме сите кои ја поддржуваат оваа борба да се придружат кон маршот во 18 часот, пред Дом на градежници“ - пишуваат на Фејсбук.
Од утре во исто време, пред СЈО ги продолжуваат протестите, сѐ до исполнување на осумте барања на #Протестирам.
